Достапни линкови

Ваши коментари - политиката поинтересна од сè друго


Политиката на сите „ни е во крвта“, а за другите проблеми, на пример, дали ќе имаме доволно струја и колку милиони евра се даваат за нејзин увоз - не мариме многу.

Очигледно, политиката на сите „ни е во крвта“ почитувани, а за другите проблеми, на пример, дали ќе имаме доволно струја и колку милиони евра се даваат за нејзин увоз - не мариме многу. Поинтересен ни е потегот на непризнавање на изборните резултати од страна на СДСМ и одбивањето да се прифатат освоените мандати.
Упорно губат и упорно играат на иста карта, бојкот. Народот бојкот не јаде, ало, бојкот не прави работни места, бојкот не се точи на бензинска.
Коментар на читател.


МКД коментира дека „упорно губат и упорно играат на иста карта, бојкот. Народот бојкот не јаде, ало, бојкот не прави работни места, бојкот не се точи на бензинска“, напишал МКД.

Бургија од Зрзе, пак, смета дека овие избори биле сосема непотребни, освен на неколкуте луѓе во врвот на ДПМНЕ, зашто не постои ниту една причина поради која и би се одржале.

„Постојано слушавме дека коалиционата влада функционира супер, дека државата никогаш не била политички постабилна... и одеднаш сме морале да имаме вонредни избори со единствен аргумент дека владата била уценувана од својот коалициски партнер“, забележува Бургија, додавајќи дека премиерот треба да излезе пред народот и да образложи зошто беа потребни овие избори и толкави пари потрошени.
Она што сите го очекуваме од Обвинителството е да почне постапка за проверка на наводите изнесени од опозицијата.
Коментар на читател.

Иле, приврзаник на теоријата на заговор напишал дека „Груевски веќе ја урна Македонија и ја исполни задачата дадена од масоните. Ова е крај за Македонија...“

МК Обсервер наоѓа сличности меѓу политиката на Грција и СДСМ, а Гоце Македонски вели дека ако раководството на СДСМ ја љуби Татковината, ќе оди во парламентот и ќе биде конструктивна опозиција.

По информацијата дека Јавното обвинителство треба да се изјасни по кривичната пријава од СДСМ против премиерот Груевски во врска со случајот Македонска банка, коментари испратил само Пиле, кој, потсетувајќи дека во државава постои селективна правда, вели: „Она што сите го очекуваме од Обвинителството е да почне постапка за проверка на наводите изнесени од опозицијата и откако добро ќе ја проучи и провери, да се произнесе по сите наводи во пријавата“, пишува Пиле.

Нашиот преглед на неделниците, во кој, се разбира, доминираа теми од изборите, го предизвикал Един самокритички да напише: „Еве кој овца народ сме, убаво нè изманипулираа со бојкотот на претседателските избори во име на консензуален претседател, а де факто, тоа беше услуга за Иванов. Жално за овој народ“, смета Един од Скопје.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG