Достапни линкови

Словенечката премиерка поднесе оставка


Аленка Братушек

Аленка Братушек

Словенечката премиерка Аленка Братушек денеска поднесе оставка и побара предвремени избори откако ја загуби лидерската позиција во нејзината партија „Позитивна Словенија“. 44 годишната Братушек изјави дека не може да биде претседател на владата, бидејќи ја нема поддршката од партијата. На партиското гласање победи градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ кој пак моментално се наоѓа под истрага за корупција. Братушек изјави дека предвремите парламентарни избори би требало да се одржат во јуни годинава.
XS
SM
MD
LG