Достапни линкови

Ситуацијата во Одеса и натаму напната


Ситуацијата во украинскиот град Одеса и денеска е напната, откако вчера проруски активисти го зазедоа седиштето на полицијата, а потоа на улиците со собраа илјадници приврзаници на украинските власти. До ова дојде откако во петокот загинале над 40 луѓе главно проруски активисти. Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека в среда за Украина ќе разговараат Владимир Путин и шефот на швајцарската влада и претседавач на ОБСЕ Дидие Буркхалтер.
XS
SM
MD
LG