Достапни линкови

logo-print

НДП на Руфи Османи го враќа мандатот за пратеник


 Руфи Османи

Руфи Османи

Привременото раководство на Националната демократска преродба донесло одлука да го врати пратеничкиот мандат кој го освои на парламентарните избори во шестата изборна единица. Во соопштението на НДП се наведува дека овој став го зазело Централното собрание со забелешка дека последните избори немале легитиметет за оваа партија. Привремениот совет кој раководи со НДП, и избраниот кандидат за пратеник Руфи Османи, во рок од три дена, одлуката за оставка со сите кандидати да ја поднесе до седиштето на ДИК, се наведува во соопштението. Деновиве, лидерот на НДП Руфи Османи со потпретседателот и секретарот на партијата поднесоа оставки на нивните функции.
XS
SM
MD
LG