Достапни линкови

Пет лица загинаа во сообраќајка на патот Битола-Прилеп


илустрација

илустрација

Синоќа околу 21.30 часот, на регионалниот патен правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на Лознани, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица, а две лица во тешка здравствена состојба се на лекување во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Полицијата информира дека во сообраќајката учествувале две патнички возила од Крушево и Скопје, а веднаш по несреќата интервенирале екипи на итната медицинска помош, истражен судија, и други стручни лица за утврдување за причините за несреќата. Сообраќајот на регионалениот патен правец Битола-Прилеп повеќе од пет часа беше пренасочуван по стариот пат во овој дел на Пелагонија, а нешто по еден часот по полноќ и нормализиран за сообраќај.
XS
SM
MD
LG