Достапни линкови

Турчинов - Русија е во војна со Украина


Вршителот на должноста претседател на Украина Олександер Турчинов.

Вршителот на должноста претседател на Украина Олександер Турчинов.

Вршителот на должноста претседател на Украина Олександер Турчинов, вели дека Русија е во војна со неговата земја, Тој вели дека поддршката од Москва е „колосален проблем“ во источниот дел на Украина.

Тој говорејќи на украинската телевизија Канал 5, ја обвини Москва дека се обидува целосно да ја дестабилизира ситуацијата во источна и јужна Украина, а Одеса е една од главните цели на Руската Федерација.

Турчинов вели дека украинските патриоти ги блокирале напорите на локалните провокатори и сепаратисти, кои, според него, се виновни за „организирање“ на насилството во обид да ја доведат Одеса „на колена“.

Тој вели дека во насилството во Одеса се вклучеи многу луѓе со руски пасоши и гости ѕвезди од отцепениот регион од Молдавија, Трансдњестар. Според него голем дел од полиција во јужна и источна Украина, исто така е „наклонет кон сепаратистичките групи“.
XS
SM
MD
LG