Достапни линкови

ОН - 500 загинати при лизгање на земјиште во Авганистан


Претставници на ОН проценуваат дека во лизгањето на земјиштето во североисточен Авганистан има 500 загинати. Поради тоа што илјадници луѓе се водат како исчезнати, властите во провинцијата Бадахшан инсистираат дека во несреќата од 2 мај може да има 2700 загинати. Точната бројка на загинати веројатно нема да може да се утврди поради тоа што многумина од загинатите се затрупани со 50 метри кал. Локалните власти соопштија дека потрагата по преживеани е прекината затоа што местото е недостапно за тешката механизација и дека постои опасност од нови лизгања на земјиштето. Во Авганистан вчера беше прогласен ден на жалост.
XS
SM
MD
LG