Достапни линкови

Никарагва станува воено зависна од Русија?


Министерот за надворешни работи на Коста Рика, Енрике Кастиљо изрази загриженост дека Никарагва станува воено зависна од Русија. Тој во интервју изјави дека Русија го олеснува вооружувањето на Никарагва, со бродови, а се зборува дека ќе купуваат и авиони и друго оружје.

Коста Рика и Никарагва имаат гранични спорови пред Меѓународниот суд на правдата.

Минатиот месец, претседателот на Никарагва Даниел Ортега изјави дека неговата земја е „посветенa на натамошно јакнење и модернизирање на армијата“, со помош на која било земја подготвена да обезбеди помош.

Амбасадор на Русија во Никарагва потврди дека Москва сака да изгради воена база во таа земја. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу изјави дека Русија размислува дали да го зголеми своето воено присуство во Никарагва, Куба и Венецуела. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров ја посети Никарагва минатата недела.
XS
SM
MD
LG