Достапни линкови

logo-print

Почина британската тенисерка Елена Балтача


Британската тенисерка со украинско потекло, Елена Балтача, почина вчера на 30-годишна возраст од рак на црниот дроб. Скоро три години таа беше рангирана како најдобра британска тенисерка.

Балтача освои низа трофеи и беше член на на британскиот Фед куп тим 11 години. На светската листа на најдобри тенисерки стигна до 49 место и покрај тоа што болеста на црниот дроб ѝ беше дијагностицирана уште во 2003 година на 19-годишна возраст.

Таа е родена во Киев, но се сели во Велика Британија на 5-годишна возраст после трансферот во англиското првенство на нејзиниот татко, фудбалерот Сергеј Балтача, кој претходно играше за Динамо Киев, а на светското првенство во 1982 година настапи за репрезентацијата на СССР.
XS
SM
MD
LG