Достапни линкови

Лидерот на политичкото крило на ИРА со критики до полицијата


Лидерот на Шин Фејн, политичкото крило на ИРА, Гери Адамс.

Лидерот на Шин Фејн, политичкото крило на ИРА, Гери Адамс.

Лидерот на Шин Фејн, политичкото крило на ИРА, 65-годишниот Гери Адамс, ја критикува полицијата на Северна Ирска за начинот на кој тој беше уапсен поради убиство извршено од страна на ИРА пред неколку децении.

Адамс вели дека неговото апсење праќа погрешен сигнал за мировниот процес. Тој беше ослободен вчера, откако пред четири дена беше приведен на испрашување во полицијата за убиството на Џин Меконвил во 1972 година. Таа беше егзекутирана од ИРА поради шпионирање за Велика Британија. Адамс секогаш негирал дека бил член на ИРА и вели дека нема ништо со киднапирањето и убиството на Меконвил.

Северноирското обвинителство сега треба да одлучи дали ќе отвори случај против Адамс. ИРА, која се бореше против британската власт во Северна Ирска, 30 години извршуваше бомбашки напади и убиства, сè до 2005 година.
XS
SM
MD
LG