Достапни линкови

logo-print

Спорен избор на премиер во Либија


Триполи.

Триполи.

Новиот либиски премиер, кој ја има поддршката на исламистите, вчера положи свечена заклетва во парламентот и покрај спорниот избор и напуштањето на собраниската седница од страна на секуларните пратеници.

Привремениот парламент го избра за премиер 42-годишниот бизнисмен Ахмед Матик. Првиот потпретседател на Парламентот, Езедин Ал-Авами, ја оспорува легитимноста на гласањето. Тој вели дека не го признава Матик за премиер и посочува дека тој ја добил поддршката од само 113 пратеници, со што не успеал да добие 120 гласови неопходни за да биде избран.

Пратениците што не ја напуштија седницата, пак, рекоа дека Матик освоил 121 гласови, со што го победил неговиот противкандидат, универзитетскиот професор Омар ал-Хаси. Матик има две недели да формира влада.
XS
SM
MD
LG