Достапни линкови

logo-print

Путин и Меркел телефонски за Украина


Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел вчера телефонски разговарале за кризата во Украина. Тие истакнале дека е потребна меѓународна акција за намалување на тензиите.

Во соопштението од Кремљ се вели дека Меркел го изразила своето задоволство за руската помош при ослободувањето на набљудувачите на ОБСЕ кои беа заробени од про-руски сепаратисти во Славјанск.
Двајцата лидери размениле мислења и за снабдувањето и транзитот на руски гас.

Русија, Украина и Европската унија на 2 мај во Варшава склучија привремен договор со кој се гарантира непрекинато снабдување со гас за Украина и Европа и во мај.

Кремљ преку друго соопштение најави дека шефот на ОБСЕ, Дидие Буркхалтер ќе ја посети Москва на 7 мај на разговори за Украина.
XS
SM
MD
LG