Достапни линкови

Либискиот парламент избра нов премеир


Уништената зграда на либискиот парламент во 2011 година.

Уништената зграда на либискиот парламент во 2011 година.

Новиот либиски премиер положи свечена заклетва во парламентот и покрај спорните избори. Привремениот парламент денеска го избра за премиер 42-годишниот бизнисмен Ахмед Матик. Либиските медиуми првично објавија дека само 113 пратеници гласале за Матик, со што тој не успеал да добие 120 гласови неопходни за да биде избран. Сепак, пратениците подоцна објавија дека, по повторното пребројување утврдиле дека Матик всушност добил 121 гласови во 185-члениот парламент, со што го победил неговиот противкандидат, универзитетскиот професор Омар ал-Хаси, кој ја има поддршката од радикалните исламисти во собранието. Матик има две недели да формира влада.
XS
SM
MD
LG