Достапни линкови

logo-print

Проруски активисти нападнaле полициска станица во Одеса


Стотици про-руски активисти нападнaле полициска станица во Одеса, насила ја отвориле портата и крешеле прозорци. Напаѓачите бараат полицијата да ги ослободи нивните другари приведени по насилствата на 2 мај, кои резултираа со повеќе од 40 мртви.

Повеќето од жртвите на 2 мај почина во пожарот на синдикалните згради, кој уследи по насилствата меѓу про-руските активисти и поддржувачите на владата во Киев.

Полицијата соопшти дека се уапсени десетици луѓе за насилствата.

Украинскиот премиер ја обвини Русија за организирање на насилствата во Одеса. Тој исто така ги обвини и безбедносните сили поради неуспехот да го надвладеат насилството и вети целосна истрага.
XS
SM
MD
LG