Достапни линкови

Убиени 37 милитанти во Јемен


Министерството за одбрана на Јемен соопшти дека биле убиени 37 милитанти на Ал Каеда во тешки судири со армијата во јужната провинција Шабва.

Јеменската армија спроведуваше операцијата против милитантите на Ал Каеда во регионот Маифаа. Државната новинска агенција Саба цитираше воен извор според кој повеќето од убиените во борбите биле странци, вклучувајќи Саудијците, Авганистанци, Сомалијци и Чеченците.

На 2 мај, војниците поддржани од воени авиони убија пет осомничени милитанти на Ал Каеда во истата област.

САД смета дека огранокот на Ал Каеда со седиште во Јемен, е најопасната гранка на глобалната мрежа на Ал-Каеда.
XS
SM
MD
LG