Достапни линкови

Јацењук ја обвини Русија за насилствата во Одеса


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ја обвини Русија за организирање на насилствата во градот Одеса во кои загинаа повеќе од 40 луѓе оваа недела. При неговата денешна посета на овој пристаништен град на југот на земјата, Јацењук рече дека насилствата се резултат на „добро подготвена и организирана акција против народот, против Украина и против Одеса“. Тој исто така ги обвини и безбедносните сили зашто не успеале да го спречат крвопролевањето. Повеќе од 40 луѓе загинаа завчера во судирите меѓу проруските бунтовници и прокиевските демонстранти во Одеса. Поголемиот дел од жртвите загинаа во пожар во зградата на синдикатите каде што се засолниле дел од луѓето. Зградата беше запалена со молотови коктели. Русија ја обвини владата на Јацењук за предизвикување на крвопролевањата во источна Украина со операцијата за враќање на контролата врз неколку градови кои беа преземени од проруските бунтовници.
XS
SM
MD
LG