Достапни линкови

logo-print

Скопјанец нападнат во автобус на ЈСП


Илустрација.

Илустрација.

Дваесет и тригодишен скопјанец ноќеска бил нападнат од група непознати лица во автобус на ЈСП број 57. Тој во 3:30 часот по полноќ го пријавил случајот во полициската станица Бит Пазар и според неговиот исказ нападот се случил 30 минути по полноќ додека автобусот се движел по улицата „Цветан Димов“.

Повредениот влегол во автобусот на автобуската постројка кај Градскиот трговски центар по што се упатил кон задниот дел и по кратко време забележал поголема група лица како се групираат по што почувствувал силен удар со тврд предмет во задниот дел од главата и паднал во бесознание. Потоа лицата продолжиле да го удираат со клоци и тупаници по главата и телото.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Градската општа болница, каде му се констатирани телесни повреди. Тој е задржан на понатамошно лекување, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
XS
SM
MD
LG