Достапни линкови

Меѓуверски насилства во Индија, 30 убиени


Гласање во државата Асам во Индија.

Гласање во државата Асам во Индија.

Индија распоредува војска во државата Асам на североистокот на земјата, откако во тридневните насилства беа убиени повеќе од 30 муслимани. Насилствата дојдоа кон крајот на маратонските избори во Индија кои ги зголемија етничките и верски тензии. Се чини дека националистичката Хинду партија Баратија Џаната ќе победи на изборите. Полицијата за насилствата оваа недела ги обвини домородните племиња Бодо во државата Асам, каде што муслиманите се доселуваат од соседен Бангладеш. Кандидатот за премиер од партијата Баратија Џаната, Нарендра Моди, минатата недела рече дека илегалните имигранти од Бангладеш треба „да си ги спакуваат куферите“, ако тој дојде на власт. Резултатите од изборите треба да бидат објавени на 16 мај. Гласањето во Асам се одржа на 24 април.
XS
SM
MD
LG