Достапни линкови

Сириските бунтовници војуваат меѓу себе


Илустрација.

Илустрација.

Во четиридневните борби меѓу спротивставени исламистички бунтовнички групи во источна Сирија загинаа 62 борци, информираат активистите. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопштува дека стотици цивили поради борбите ги напуштиле своите домови во источната провинција Деир ал-Зур, која е богата со нафта. Меѓу себе се борат Фронтот Нусра, кој е поврзан со Ал Каеда и организацијата Исламска држава на Ирак и Левант, која се отцепи од Ал Каеда. Бунтовниците од двете организации со месеци се борат меѓу себе за контрола врз територијата што претходно заеднички ја освоија.
XS
SM
MD
LG