Достапни линкови

Во Авганистан ден на жалост за жртвите од лизгањето на земјиштето


Во Авганистан денеска е ден на жалост, за жртвите од лизгањето на земјиштето во северниот дел на земјата.

По поројните дождови и поплави, селото во провинцијата Бадакшан на 2 мај беше потрупано со кал и земја.

На 3 мај авганистански официјални лица потврдија дека најмалку 300 луѓе починале, ревидирајќи ја претходно изнесената информација дека при лизгањето на земјиштето се убиени 2.500 луѓе. Но и покрај поновите пониски извештаи за загинати, авганистанските официјални лица очекуваат бројката да се зголеми.

Спасувачките екипи вчера соопштија дека ја прекинуваат потрагата по преживеани.

Националниот Оддел за катастрофи соопшти дека постои ризик од натамошно лизгање на земјиштето во областа. Од Одделот велат дека обезбедиле храна и шатори за 700 раселени семејства.
XS
SM
MD
LG