Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат немирите во источна Украина


Во источна Украина продолжуваат немирите, додека владините сили ја продолжуваат „антитерористичката“ операција против проруските бунтовници кои држат владини згради во низа источни градови. Вчера украинските сили ја зазедоа зградата на безбедносните служби и телевизиска станица во Краматорск, а во Луханск, про-руските сепаратисти упаднаа во базата на безбедносните служби. Судири имало и во градовите Мариупол и Констјантјнивка. Повеќе од 50 лица загинаа во два дена во насилста во источна Украина. Повеќето од жртвите загинале во пожарот во синдикалните згради во Одеса на 2 мај.
XS
SM
MD
LG