Достапни линкови

logo-print

Ставрески - Буџетот е во добра кондиција


Буџетот е во добра кондиција. Приходната и расходната страна се во рамки на планираното и засега нема потреба од ребаланс на Буџетот, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Буџетот е во рамки на планираните параметри. Доколку има потреба во иднина, како и секоја година, ќе се пристапи кон ребаланс, но засега и приходната и расходната страна се во рамки на планираното“, изјави Ставрески.
Тој очекува дека следните месеци ќе остане така.

Според објавените податоци на Министерството за финансии приходите во буџетот во март 2014 изнесувале 11,226 милиони денри, а расходите 14,794 милиони денари.
XS
SM
MD
LG