Достапни линкови

Неделниците полни со анализи и оценки за изборите


Неделниците се преполни со анализи, квалификации и оценки за двојните избори на 27 април. Секој, се разбира, според својата политичка ориентација и уредувачка политика.

Неделниците се преполни со анализи, квалификации и оценки за двојните избори на 27 април. Секој, се разбира, според својата политичка ориентација и уредувачка политика.
Нема друга причина да не веруваме дека политичката криза ќе јакне и ќе се продлабочува. Повеќе од јасно е дека ќе трае. Месеци ли, години ли, неважно е од историска дистанца, но многу е важен начинот на кој таа ќе биде затворена.


Фокус - Груевски направи „крвава свадба“, Заев допрва ќе вика тапани!?

Груевски направи „крвава свадба“, Заев допрва ќе вика тапани!?; Контроверзниот Загорац Тумбовски најавува: Имам и снимки за скандалот; Фантомите ја победија демократијата!, се само некои од насловите во Фокус. Во Нештата да станат појасни, неделникот, покрај другото, пишува дека нема друга причина да не веруваме дека политичката криза ќе јакне и ќе се продлабочува. Повеќе од јасно е дека ќе трае. Месеци ли, години ли, неважно е од историска дистанца, но многу е важен начинот на кој таа ќе биде затворена, наведува неделникот. Откако Заев ги обелодени аферите „ЈАВИ МИ СЕ, НИНИ“ и „КАСА ПРИМИ“, се чини дека флоскулата „помирување на македонската политичка сцена“ е повеќе од невозможна! - додава Фокус.
Соочен со дебакл, Заев лошо ја одигра неделната ролја на божемно измамен политичар во потрага по правда и наместо оставка го употреби омилениот, волшебен збор за Бихаќка, која веќе четврти пат за една година го практикува бојкотот...


Република - Има ли маж во СДСМ да признае - победа со 200.000 разлика

Сосема спротивно и поразлично гледа на изборите Република: Има ли маж во СДСМ да признае - победа со 200.000 разлика; Кој бара протекторат во Македонија - во игра сценариото на Фрчкоски; Заев одигра за Зајас - Желбата наречена криза; Има ли пилот во опозицискиот авион - судбината на Пасок надвисна над Бихаќка, се само некои од насловите во најновата Република.

Крајно неодговорно бегство од одговорноста смета неделникот во една од анализите на изборните резултати. Соочен со дебакл, Заев лошо ја одигра неделната ролја на божемно измамен политичар во потрага по правда и наместо оставка го употреби омилениот, волшебен збор за Бихаќка, која веќе четврти пат за една година го практикува бојкотот...
Глобус - Електорален тероризам

И Глобус е категоричен во своите оценки: Електорален тероризам; Агонија; Замрзнат јазик, каде што се анализира кампањата на власта и заробувањето и неутрализацијата на јазикот како средство свртено кон целта, што пак придонесува за верглање, како што се вели, на едно те исто... Еден од последните, најдиректни докази, дека држава нема, дека сè е партија, е молкот, игнорирањето и непостапувањето на институциите на системот за документираните мега криминални и корупциски скандали, во коишто е вмешан директно премиерот Груевски и неговите најблиски соработници, констатира Глобус во анализата со наслов: Многу причини за бојкот, згазена позицијата на слободниот граѓанин.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG