Достапни линкови

Избори на 8 јуни во Косово - невозможна опција


Претседателката на косовската Централна изборна комисија, Валдете Дака, оценува дека 8 јуни е невозможна опција за организирање добри и успешни парламентарни избори, поради рокот од само триесет дена за нивно организирање.

„Доколку се одлучи парламентарните избори да се оддржат на 8 јуни, ЦИК ќе се соочи со еден голем предизвик. Затоа, овој датум ми се чини како невозможна опција, изјавила Дака за приштинскиот весник „Епоха е ре“ (Нова ера).

Според неа, многу тешко ќе биде организирање парламентарни извори во рок од триесеттина дена, имајќи го во предевид и фактот што по првпат вакви избори ќе се спроведат и во северниот дел на земјата.

Сепак, како и да е, ЦИК има законска обврска да ги организира на најдобар начин парламентарните избори кога и да се одржат, вели претседателката на Комисијата.

Косовскиот премиер и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи, предложи парламентарните избори да се оддржат на 8 јуни.


.
XS
SM
MD
LG