Достапни линкови

Бомбашки напад во Могадишу, 6 жртви


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку шест лица, меѓу кои истакнати претставници на власта, се убиени во бомбашки напад во сомалискиот главен град, Могадишу, соопшти Полицијата.

Според Полицијата, цел на планираниот напад бил Абдикафи Хиловле, претставник на Високиот градски совет. Медицински извори соопштија дека при експлозијата во трговскиот и административен центар на градот, се повредени најмалку 25 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде Ал Шабаб, милитантна група поврзана со Ал-Каеда.
XS
SM
MD
LG