Достапни линкови

Потврдена смртта на 236 патници од фериботот во Јужна Кореја


Досега е потврдена смртта на 236 луѓе кои загинаа при потонувањето на ферибот во Јужна Кореја. Нуркачите продолжуваат со обидите да пронајдат уште тела. Денеска беа пронајдени осум тела, откако спасувачите успеаја да пристапат до четвртиот кат од потонатиот ферибот. Шеесет и шест патници се уште не се идентификувани.

Фериботот „Севол“ се преврте на 16 април со 476 патници, повеќе од 300 од нив беа средношколци. Капетанот и 14 луѓе од неговиот екипаж се уапсени, бидејќи први го напуштиле бродот без да им помогнат на сите патници.
XS
SM
MD
LG