Достапни линкови

logo-print

Прекин на огнот во Хомс


Хомс, илустрација.

Хомс, илустрација.

Сириските државни претставници и локалните активисти соопштуваат дека прекинот на огнот меѓу владините сили и бунтовниците во Хомс е во сила, но оти повлекувањето на бунтовниците сè уште не започнало. Гувернерот на Хомс, Талал ал-Барази, за новинската агенција АФП денеска изјави дека преговорите „градот да се ослободи од оружје и вооружени лица“ е во завршна фаза. Владините претставници и бунтовниците вчера постигнаа договор за прекин на огнот во Хомс, за опколените бунтовници да може да се повлечат од градот.

„Целта е да се постигне мирно решение што ќе ја врати сигурноста и владините институции“, рече Барази.

Ако договорот се исполни, сите освен една област во Хомс, кој порано беше нарекуван „главен град на револуцијата“, ќе се вратат под владина контрола. Силите на Асад ги потиснаа бунтовниците од околината на Дамаск и од централна Сирија, но големи делови од земјата сè уште не се под владина контрола.
XS
SM
MD
LG