Достапни линкови

logo-print

Украинските сили го повратија Краматорск


Министерството за внатрешни работи на Украинa соопшти дека нејзините сили го презеле седиштето на служба за безбедност во источниот град Краматорск.

Министерството претходно изјави дека нејзини сили ја повратиле и контролата на аеродромот во градот и телевизиската кула.

Краматорс е на југ од бунтовничкото упориште Славјанск.

Локалната телевизија покажа снимки од оклопни возила кои се движат низ градот.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека 42 луѓе, повеќето од нив про-рускиот сепаратисти, загинале во пожарот во синдикалната зграда во Одеса при вчерашните немири.
XS
SM
MD
LG