Достапни линкови

Лидерот на кримските Татари не може да влезе во Крим


Лидерот на кримските Татари Мустафа Џемилев.

Лидерот на кримските Татари Мустафа Џемилев.

На лидерот на кримските Татари Мустафа Џемилев повторно не му било дозволено да влезе во Крим.

Илјадници кримската Татари го чекаа Џемилев на граничниот премин во близина на Афмајнск. Тие велат дека ќе се вратат во Крим само ако нивниот лидер се врати со нив.

Министерството за внатрешни работи на Крим соопштило дека на Џемилев нема да му биде дозволено да влезе во Крим.

Вршителот на должноста шеф на Крим, Сергеј Аксијонов вчера изјави дека Џемилев ќе биде спречен да влезе во Крим, бидејќи има задача да ја дестабилизира ситуацијата во земјата.
XS
SM
MD
LG