Достапни линкови

До 10 години затвор за над 100 поддржувачи на Морси во Египет


Архивска фотографија: Протест на студенти-членови на Муслиманското братство во Египет.

Архивска фотографија: Протест на студенти-членови на Муслиманското братство во Египет.

Египетскиот суд денеска ги изрече пресудите за повеќе од 100 поддржувачи на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси, кои се осудени на казни затвор до 10 години поради убиства и поттикнување насилство. Минатата недела, друг суд осуди на смрт речиси 700 припадници на забранетото Муслиманско братство на Морси. Илјадници поддржувачи на братството беа уапсени и изведени на масовни судења по соборувањето на Морси во јули минатата година. Пресудите доаѓаат во пресрет на претседателските избори закажани за 26 и 27 мај. Се очекува да победи поранешниот началник на генералштабот на египетската армија, Абдел Фатах ал-Сиси, кој го предводеше соборувањето на Морси.
XS
SM
MD
LG