Достапни линкови

logo-print

Обид за ставање крај на борбите во Јужен Судан


Претседателот на Јужен Судан Салва Кир.

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир.

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир рече дека е подготвен лице-в-лице да разговара со лидерот на бунтовниците Риек Мачар за да се обидат да стават крај на борбите. Но неговиот ривал не остана доследен на ветувањето дека ќе учествува на средбата.

Кир имаше средба до американскиот државен секретар Џон Кери во главниот град на Јужен Судан, Јуба . Посетата на Кери беше дел од дипломатскиот притисок од западните и африканските сили кои стравуваат дека конфликтот во Јужен Судан може да прерасне во „етничко колење“ и да го дестабилизира и така кревкиот регион.
XS
SM
MD
LG