Достапни линкови

Москва изрази сочувство за жртвите во Одеса


Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изрази длабоко сочувство за жртвите и семејствата на загинатите во вчерашните насилства во Одеса.

Повеќе од 30 лица, многумина од нив про-руски активисти, загина во пожар во јужниот пристанишен град. Палењето на синдикалните згради беше кулминација на претходните насилства меѓу про-руските групи и поддржувачите на власта во Киев.

Песков, исто така, рече дека Москва „веќе нема влијание врз луѓето кои зборуваат на руски јазик во источна Украина“.

Портпаролот на Путин, вели дека Москва не знае како да одговори на растечкото насилство и жали што Западот одобри казнени операции.

Тој, исто така ја отфрли идејата дека претседателски избори може да се одржат подоцна овој месец. Таа идеја е апсурдна со оглед на насилството, рече Песков.
XS
SM
MD
LG