Достапни линкови

Најмалку 2500 жртви при лизгање на земјиште во Авганистан


Најмалку за 2500 луѓе се претпоставува дека загинале при лизгање на земјиште во планинско село во североисточниот дел на провинција Бадахшан во Авганистан. Гувернерот на провинцијата, Шах Валија Абед, за авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, изјави дека жртвите биле затрупани со најмалку 10 метри кал и земја. Планинската област во провинцијата Бадахшан неколку денови беше зафатена со обилни дождови и поплави, кои предизвикаа и лизгање на земјиштето.
XS
SM
MD
LG