Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат офанзивите во источна Украина


Одеса, 3 мај, 2014.

Одеса, 3 мај, 2014.

Воените операции против проруските сепаратисти во источниот дел на Украина продолжуваат и денеска, соопштија украинските власти. Министерството за внатрешни работи на Украина известува дека украинските сили ја презедоа контролата на аеродромот и телевизиската кула во градот Краматорск.

Според соопштението од веб-страница на министерството, сите контролни пунктови околу градот сега се под контрола на украински војници.

Министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков на својата фејсбук страница напиша „Ние не застануваме“, без да понуди други детали.

Краматорс е во близина на Славјанск каде про-руските сепаратисти вчера соборија два украински воени хеликоптери кои беа вклучени во операција за отстранување на милитанти од нивните упоришта во градот.

Во јужниот пристанишен град Одеса, пак, се приведени повеќе од 130 луѓе, откако десетици луѓе загинаа во пожар и улични борби меѓу про- руските групи и оние кои ја поддржуваат владата во Киев.

Во соопштението на 3 мај локалниот началник на полицијата Петро Лутсик рече дека уапсените би можеле да се соочат со обвиненија кои се движат од учество во немирите до убиство со предумисла за учество во насилството од 2 мај, кое кулминираше со палење на синдикалните зграда во градот.
XS
SM
MD
LG