Достапни линкови

Во Украина ослободени набљудувачите на ОБСЕ


Ослободени се набљудувачите на ОБСЕ и нивните украински асистенти кои беа држени од страна на про-руските сили во источниот украински град Славјанск.

Владимир Лукин, специјален пратеник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите 12 луѓе се ослободени. Во групата беа 7 набљудувачи на ОБСЕ и 5 асистенти. Екипата на набљудувачи беше заробена на 25 април.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи на Украина известува дека украинските сили ја презедоа контролата на аеродромот и телевизиската кула во градот Краматорск.

Според соопштението од веб-страница на министерството, сите контролни пунктови околу градот сега се под контрола на украински војници.
XS
SM
MD
LG