Достапни линкови

Граѓаните очекуваат административно поедноставен здравствен систем


Несиме Салиоска, извршен директор на здружението РОМА С.О.С.

Несиме Салиоска, извршен директор на здружението РОМА С.О.С.

Се надеваме дека новоизбраните претставници на граѓаните ќе се заложат и ќе ги реализираат во пракса што поскоро најавените новитети и залагања, со цел да се превенира идно губење на правото на здравствено осигурување за социјално ранливите категории на граѓани, а со тоа да се обезбеди превенција наместо лекување за сите подеднакво, пишува Несиме Салиоска од здружението РОМА С.О.С. во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во екот на предизборието и предизборните ветувања за подобра состојба и живот на граѓаните, на 24 април директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, на одржана прес-конференција најави дека новина во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ е автоматско пријавување и одјавување на здравственото осигурување, со што ќе се залагаат да се стави крај на турканиците и редиците во Фондот предизвикани од задолжителната пререгистрација на лицата со ниски примања и невработените.
Од вкупно 243.085 невработени лица кои според евиденцијата на ФЗОМ требало да се пререгистрираат, до крајниот рок, 31 март 2014 година, потребни документи доставиле само 135.583 лица (55,78 отсто) или тоа значи на 107.502 лица (44,22 отсто) им беше прекинато правото на здравствено осигурување во април 2014.

Најавено беше поедноставување на постапката за пререгистрација на здравственото осигурување и истата овие лица ќе може да ја вршат без да поднесуваат Изјава за остварени приходи. Овие податоци ФЗОМ ќе ги добива од Управата за јавни приходи преку нивно поврзување. На овој начин ВМРО-ДМПНЕ ќе се залага за поефикасен, административно поедноставен здравствен систем, систем кој е наменет за граѓаните.

За пофалба се ваквите најави и залагања, но тоа не значи дека треба истите да останат само на хартија како дел од изборната програма, туку за ветеното да се преземат мерки за нивно спроведување, со цел да не се повтори ситуацијата како со Одлуката на Уставен суд од 14 ноември 2012 година.

Само за потсетување, доколку направиме ретроспектива на настаните, со оваа одлука беше укината обврската на граѓаните да поднесуваат Изјави за остварени приходи во постапката за остварување на правото на здравствено осигурување со образложение дека „на граѓаните со закон не може да им се воспостави ваква обврска, од причина што ваква обврска може да вршат само надлежни државни институции, односно директно Управата за јавни приходи, нејзините надлежни органи и институциите за социјално осигурување“.

Министерството за финансии, како надлежен орган кој требаше да ја почитува Одлуката на Уставен суд, нецелосно ја примени истата, односно не предложи соодветни измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во јануари 2013.

Од таа причина, во април 2013 година 50 отсто од осигурениците на ФЗОМ или поточно 107.021 невработени лица се соочија со прекин на правото на здравствено осигурување поради неподнесување Изјава за остварени приходи за претходната година, по објавениот повик за пререгистрација во периодот од 1 февруари до 31 март 2013.

Осигурениците кои го загубија правото на здравствено осигурување се соочија со:

-наплата при користење на здравствените услуги и набавка на лекови во висина од 100 проценти од цената на чинење.

-забрана за користење на ортопедски помагала во рок од 6 месеци,
дополнителни административни трошоци за вадење на лична документација потребна за повторно остварување на правото на здравствено осигурување.
Минатата недела заврши изборниот процес и граѓаните на Македонија го избраа новиот парламентарен состав. Се надеваме дека новоизбраните претставници на граѓаните ќе се заложат и ќе ги реализираат во пракса што поскоро најавените новитети и залагања, со цел да се превенира идно губење на правото на здравствено осигурување за социјално ранливите категории на граѓани, а со тоа да се обезбеди превенција наместо лекување за сите подеднакво.

И покрај тоа што РОМА С.О.С. со поддршка на уште 6 други здруженија од Македонија во јули 2013 година презеде низа активности со кои алудираше на проблемот и на потребата од укинувања на ваквата обврска, за што беше добиена поддршка и од Народниот правобранител, поради непостоење согласност од клучните донесувачи на одлуките и координираност помеѓу пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, иницијативата не беше прифатена и не беа предложени соодветни измени на законот со што проблемот продолжи да егзистира и во 2014 година кога повторно се соочивме со фактот дека од вкупно 243.085 невработени лица кои според евиденцијата на ФЗОМ требало да се пререгистрираат, до крајниот рок, 31 март 2014 година, потребни документи доставиле само 135.583 лица (55,78 отсто) или тоа значи на 107.502 лица (44,22 отсто) им беше прекинато правото на здравствено осигурување во април 2014.

Минатата недела заврши изборниот процес и граѓаните на Македонија го избраа новиот парламентарен состав. Се надеваме дека новоизбраните претставници на граѓаните ќе се заложат и ќе ги реализираат во пракса што поскоро најавените новитети и залагања, со цел да се превенира идно губење на правото на здравствено осигурување за социјално ранливите категории на граѓани, а со тоа да се обезбеди превенција наместо лекување за сите подеднакво.

Здружението РОМА С.О.С. од Прилеп, согласно нашата граѓанска должност и право, ги поздравува ваквите залагања на политичките партии и ќе продолжи да ги следи воведувањата на новитетите во здравството, а за ветеното ќе очекуваме одговорност од надлежните страни.
XS
SM
MD
LG