Достапни линкови

Стотици жртви во лизгање на земјиште во Авганистан


Неколку стотици луѓе веројатно загинале во денешното лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Авганистан, соопштуваат властите. Под свлечената земја е затрупано цело едно село во провинцијата Бадахшан, а една река е блокирана. Како исчезнати се водат повеќе од две илјади луѓе. Властите стравуваат дека може да бидат поплавени и други села нагоре по течението на реката. Спасувачките екипи можеби до утре нема да стигнат до погодената област. Во поплавите по обилните дождови во северен Авганистан веќе загинаа петмина луѓе, а стотици семејства се раселени.
XS
SM
MD
LG