Достапни линкови

Филе - ЕУ не го сфати сериозно Путин дека жали по СССР


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека ЕУ потфрлила со тоа што не „ја сфатила сериозно“ изјавата на рускиот претседател Владимир Путин од 2005 година дека распадот на Советскиот Сојуз е најголемата катастрофа во 20 век. Зборувајќи во седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, Филе денеска рече дека руската анексија на Крим и поддршката на вооружените сепаратисти во источна Украина покажуваат бесрамно непочитување на меѓународното право и ја покажуваат желбата на Путин за „бесполарен свет“, каде што „единственото правило е дека нема правила“. Тој ги повика често поделените членки на ЕУ да заземат заеднички став кон Русија и да го поддржат понатамошното проширување на ЕУ. Филе, чиј петгодишен мандат истекува во октомври, изјави дека ЕУ ќе ги продолжи напорите за интеграција со земјите од Источното партнерство и Западниот Балкан, но ги повика потенцијалните партнери да се заложат за реформи.
XS
SM
MD
LG