Достапни линкови

ЕУ - Русија да не прави „раздели па владеј“ со цените на гасот


Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер.

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер.

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер соопшти дека разговорите со руските и украински претставници во Варшава доведоа до договор со кој се гарантира непрекинато снабдување на Украина и Европа со природен гас од Русија до крајот на мај. Сепак, по денешните разговори, Отингер рече дека е закажана нова рунда разговори зашто делегатите не успеале да постигнат долгорочен договор за сите прашања. Тој побара унифицирани цени за рускиот гас за сите држави од ЕУ и ја отфрли, како што рече, тактиката „раздели па владеј“ на Москва со цените на гасот, според која земјите од Централна Европа што се позависни од рускиот гас да плаќаат поскапо од западноевропските земји. Портпаролот на рускиот државен гигант Газпром, Сергеј Купријанов, пак рече дека предлогот на Отингер отвора договорни прашања. Клучно прашање на агендата во Варшава беше правниот аспект на таканареченото „обратно снабдување“ на Украина со гас од Словачка, која претходно го купува од Русија по пониски цени.
XS
SM
MD
LG