Достапни линкови

Москва - Употребата на сила во источна Украина води кон катастрофа


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека употребата на сила од украинските воени сили против проруските сепаратисти во источна Украина ќе води кон катастрофа. Министерството исто така ја обвини ЕУ за уништување на шансите за мирно решавање на кризата, преку поддршката што им ја дава на оние што стојат зад „државниот удар“ во Киев. Москва бара западот да се откаже од, како што се наведува во соопштението, „неговата деструктивна политика во однос на Украина“.

Украинските сили денеска почнаа акција против руските сепаратисти за преземање на контролата врз градот Славјанск во источна Украина. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков ја оцени акцијата како одмазднички напад и рече дека се гранатираат „мирни населби“.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, денеска во Берлин рече дека е „од апсолутно витално значење“ да се намали окупацијата на владини згради од страна на сепаратистите во Украина и оти парламентот е „место каде што сите групи може да се консултираат“.
XS
SM
MD
LG