Достапни линкови

НДП не ги признава изборните резултати, раководството поднесе оставка


Претседателот на Националната демократската преродба (НДП) Руфи Османи.

Претседателот на Националната демократската преродба (НДП) Руфи Османи и раководството на партијата поднесоа оставка. Одлуката за колективна оставка е донесена на Централното собрание на НДП на состанокот одржан вчера во Гостивар. Лидерот на НДП, Руфи Османи, потпретседателот Артан Дика и секретарот Изет Зеќири ги отстапија раководните позиции, но продолжуваат со политичката активност. Одлуката, која е испратена како соопштение, ја базираат на, како што се наведува, морална одговорност за неисполнување на националните и политички цели, на раководството на НДП. Таа била донесена по направената анализа на изборниот процес, со забелешка дека Македонија не успеала да организира слободни и демократски избори. Во последното соопштение од Централното собрание се наведува дека НДП не ги прифаќа резултатите од изборите, како легални и легитимни. Со НДП во иднина ќе раководи Привремениот совет во состав: Зенун Исмаили, Весел Мемеди и Бинас Пајазити.
XS
SM
MD
LG