Достапни линкови

Група новинари поднесоа кривична пријава против Миленко Неделковски


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Група новинари кои беа прозвани како грчки платеници во колумна на Миленко Неделковски на денешната прес-конференција на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски му го предадоа текстот во кој, како што велат, се повикува на нивен јавен линч. Зврлевски одговори дека ова е невообичаена пракса, но ќе го третира како кривична пријава и увери дека Обвинителството ќе преземе мерки. Новинарите ја поднесоа пријавата против Неделковски и во полициската станица „Беко“ во Општина Центар.
XS
SM
MD
LG