Достапни линкови

Кери во мировна мисија во Јужен Судан


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во Јужен Судан како дел од напорите за ставање крај на борбите меѓу владините сили и бунтовниците во најновата африканска држава. Портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, изјави дека Кери ќе ги повика сите страни „итно да престанат со нападите врз цивили и целосно да соработуваат со ОН и со хуманитарните организации“. Илјадници луѓе се убиени, а повеќе од еден милион луѓе го напуштија своите домови, откако во декември избори судири меѓу силите лојални на претседателот Салва Кир и оние лојални на поранешниот заменик претседател Риек Мачар. Тоа во голема мера е борба меѓу две спротивставени племиња, племето Динка на Кир и племето Нуер на Мачар. Се очекува Кери да се сретне со претседателот и телефонски да разговара со Мачар. Јужен Судан стана независна држава во 2011 година, по отцепувањето од Судан.
XS
SM
MD
LG