Достапни линкови

Моќта на немоќните при заштита на гласачките права


Активностите на народниот правобранител и останатите невладини организации кои ги штитеа правата на избирачите на изборниот ден може да се нарече приказна за моќта на немоќните.

Неточноста на избирачкиот список и неконзистентноста на нормите создаваа несигурност кај избирачите при остварувањето на нивното гласачко право, забележал народниот правобранител, преку пријавите кои стасуваа на отворената линија на изборниот ден на која се јавиле над 200 граѓани. Ова е, како што посочува Иџет Мемети, најголемиот број претставки доставен од граѓаните за текот на гласањето до сега.
Таа појава ако ја имаме загрижува, затоа што сакаш- не сакаш, таа кај граѓанинот, односно кај гласачот создава една несигурност или едно двоумење дали слободно може да го користи своето избирачко право или не.
Иџет Мемети, народен правобранител.


„Таа појава ако ја имаме загрижува, затоа што сакаш- не сакаш, таа кај граѓанинот, односно кај гласачот создава една несигурност или едно двоумење дали слободно може да го користи своето избирачко право или не“, посочува Мемети.
Иџет Мемети, народен правовбранител.
Иџет Мемети, народен правовбранител.

Имало дојави и за телефонски јавувања пред изборите со прашање за кого ќе гласаат. Се користеше говор на омраза и беа злоупотребувани децата во текот на кампањата, вели Мемети во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе го емитуваме в недела.

Моќта на народниот правобранител е до таму да ги достави сознанијата за овие појави, но и поединечните случаи до надлежните институции, и на нив останува колку ќе бидат прифатени и искористени за надградба на системот посочува Мемети.
постапките на лошо владеење се акумулираат, па еден дена на граѓаните може да им дојде преку глава, од премногуте злоупотреби или премногуте непостапувања.
Александар Цветкоски, АГТИС.


„Освен на тие што ги најдовме по избирачки списоци и тие што една беа на еден список, другпат на друг, на другите не можевме и затоа јас сметам дека навистина треба да се подобри начинот за брза заштита.“

Активностите на народниот правобранител и останатите невладини организации кои ги штитеа правата на избирачите на изборниот ден може да се нарече приказна за моќта на немоќните, вели Александар Цветкоски од невладината АКТИС. Сето тоа завршува до институциите на системот и од нив зависи колку ќе се огласат на согледувањата за почитување на човековите права. Но. ако нема позитивни практики на почитување на правата на граѓаните и системот е глув, тогаш сè се чини залудно. Надежта за остварување на правата се темели на ефектите на подолг рок, посочува Цветкоски.

„Тоа се акумулира, ние сме луѓе ние сè акумулираме и постапките на лошо владеење се акумулираат, па еден дена на граѓаните може да им дојде преку глава, од премногуте злоупотреби или премногуте непостапувања, ете тоа треба да го имаат политичките партии на ум.“

Кај граѓаните треба да се јакне свеста за правата со кои располагаат и како да ги остварат, посочуваат Мемети и Цветкоски. Засега тие повеќе се држат за прагматичните цели и се обесхрабруваат од тоа што нивните пријави завршуваат во кош. Верувањето во граѓанската моќ за остварување на своите права е и правопропорционална, но и дефиниција на демократијата, посочуваат нашите соговорници.
XS
SM
MD
LG