Достапни линкови

logo-print

Офанзива на Киев во Славјанск


Украинските сили се во акција за преземање на контролата врз градот Славјанск. Два хеликоптера на украинската армија биле соборени, а двајца пилоти загинале.

Украинското Министертво за одбрана соопшти дека два нивни хеликоптери биле соборени кај Славјанск, а двајца пилоти загинале.
Бунтовниците ги држат заробени градоначалникот на Славјанск, неколкумина новинари, тројца припадници на украинските безбедносни служби и тим на посматрачи на ОБСЕ.


Украинските сили, од изутрината се во офанзива за преземање на контролата врз источниот град Словјанск.

Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека целта на акцијата е да бидат разоружани бунтовниците, да бидат ослободени заложниците и административните објекти. Аваков, преку Фејсбук, потврди дека двајца украински пилоти загинале, откако сепаратистите стрелале врз нивното летало со тешка артилерија. Тој додаде дека украинските сили ја презеле контролата врз 9 контролни пункта во околината на Славјанск и оти таму се водат вистински битки против професионалци. Околу градот се слушаат истрели и експлозии.

Лидерот на про-руските сепаратисти во Славјанск, Вјачеслав Пономарјов, изјави дека два украински хеликоптера биле соборени, а еден пилот бил заробен.

Бунтовниците ги држат заробени градоначалникот на Славјанск, неколкумина новинари, тројца припадници на украинските безбедносни служби и тим на посматрачи на ОБСЕ.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска изјави дека акцијата на украинските сили ги уништи и последните шанси за спроведување на договорот од Женева. Песков додаде дека Кремљ го испратил Владимир Лукин во источниот дел на Украина за да преговара за ослободување на посматрачите на ОБСЕ.

И во Доњецк, проруските сепаратисти продолжиле со своите акции за окупирање на административни објекти. Според агенциите, тие го презеле контролниот центар на железницата во градот.

Во меѓувреме, во Киев, привремениот претседател Олександр Турчинов потпиша наредба за повторно задолжително служење војска во Украина. Наредбата стапува во сила веднаш. Турчинов ја образложи одлуката како неопходна поради случувањата во источна Украина
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG