Достапни линкови

Обама и Меркел - единство за Украина


Обама и Меркел

Обама и Меркел

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се состанат во Вашингтон на разговори за ситуацијата во Украина.

Меѓу САД и Германија нема се уште договор за широка размена на разузнавачки податоци по инцидентот со прислушкувањето мината година од страна на Агенцијата за национална безбедност и на телефонот на канцеларката Меркел, констатира Њујорк Тајмс пред посетата на канцеларката Ангела Меркел на Вашингтон.

Разликите околу оваа афера остануваат и натаму, но сега е момент претседателот Обама и Меркел да се обидат да покажат дека и тие се заедно во стратегијата за казнување на Русија поради нејзините постапки во Украина.Ова е прва средба меѓу двајцата лидери од почетокот на немирите во Украина и Русија и анексија врз Крим во март.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни рече дека разговорите на Меркел и Обама ќе бидат фокусирани врз неуспехот на Русија да се придржува кон своите обврски од договорот во Женева. Џеј Карни

Џеј Карни



Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел побара од претседателот на Русија Владимир Путин да помогне за ослободување на тимот набљудувачи на ОБСЕ кои беа киднапирани во источна Украина.

Во меѓувреме заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека Алијансата треба да почне да размислува за Русија како за непријател. Вершбоу вчера во Вашингтон рече дека и покрај обидите за градење партнерство со Русија во наредните 20 години, Москва го прогласила НАТО за непријател.

Тој дополни дека НАТО мора исто така да почне да ја гледа Русија и како противнички играч. Вершбоу, кој е поранешен американски амбасадор во Русија и во НАТО, рече дека анексијата на Москва врз Крим и вклучувањето во сепаратистичко движење во источна Украина го смениле односот на НАТО и Русија. Тој рече дека Русија се обидува повторно да наметне хегемонија и да го ограничи суверенитет на соседите на Русија, под маската на одбрана на рускиот свет.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG