Достапни линкови

НАТО го разгледува напредокот на земјите кандидати за членство


Џемс Апатурај

Џемс Апатурај

Џемс Апатурај, специјален претставник на генералниот секретар на НАТО за Кавказот и централна Азија, изјави во Тбилиси дека Грузија продолжува да напредува на патот кон приклучување во Алијансата. Тој додаде дека ставовите на Русија, нема да имаат влијание врз одлуките на НАТО во врска со проширувањето. НАТО сега го разгледува прогресот на земјите аспиранти за зачленување, како подготовка на министерскиот состанок на Алијансата во јуни и самитот во септември, кога би требало да бидат донесени одлуки во врска со ова прашање.
XS
SM
MD
LG