Достапни линкови

Голема офанзива против сепаратистите во Словјанск


Словјанск, 02.05.2014

Словјанск, 02.05.2014

Украинските сили се во офанзива за превземање на контролата врз источниот град Словјанск. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека целта на акцијата е да бидат разоружани бунтовниците, да бидат ослободени заложниците и административните објекти. Аваков, преку Фејсбук потврди дека еден украински пилот загинал, а еден бил повреден откако сепаратистите стрелале врз нивното летало со тешка артилерија. Тој додаде дека украинските сили ја превзеле контролата врз 9 контролни пункта во околината на Словјанск.
Лидерот на про-руските сепаратисти во Словјанск, Вјачеслав Пономарјов, изјави дека два украински хеликоптера биле соборени, а еден пилот бил заробен. Бунтовниците ги држат заробени градоначалникот на Словјанск, неколкумина новинари, тројца припадници на украинските безбедносни служби и тим на посматрачи на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG