Достапни линкови

Средба Меркел -Обама во Вашингтон


Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се состанат во Вашингтон на разговори за ситуацијата во Украина.
Предвидено е по средбата да има пресс конференција.
Ова е прва средба меѓу двајцата лидери од почетокот на немирите во Украина и Русија и анексија врз Крим во март.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни рече дека разговорите на Меркел и Обама ќе бидат фокусирани врз неуспехот на Русија да се придржува кон своите обврски од договорот во Женева.

Претходно германската канцеларка Ангела Меркел побара од претседателот на Русија Владимир Путин да помогне за ослободување на тимот набљудувачи на ОБСЕ кои беа киднапирани во источна Украина.
XS
SM
MD
LG