Достапни линкови

ДИК ќе му го врачи уверението за нов претседателски мандат на Иванов


Претседателот на Државната изборна комисија Никола Рилкоски денеска ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.

За Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ова ќе биде втор претседателски мандат.

Според конечните резултати на ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април, Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски освои 398.077 гласови.

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список
XS
SM
MD
LG